„Бомба циклон“ се движи кон североистокот на САД

02.03.2018 12:50

Силно невреме им се заканува на САД, во Калифорнија се евакуираат 30 илјади лица, синоптичарите предупредуваат дека се загрозени објектите покрај окенаскиот брег...

Жителите на североисточното крајбрежје на сад се подготвуваат за бурата наречена „Бомба циклон“ која би можела да предизвика големи поплави во регионот од државата Мејн до Северна Каролина.

Во Калифорнија е наредена евакуација на повеќе од 30 илјади лица во областа Санта Барбара, вклучувајќи ги и деловите кои во јануари беа погодени од одрон. На сила е и предупредување за делови од Сиера Невада, каде што поради снежните врнежи се затворени главните патишта.

Локалните власти упатија апел и до жителите на крајбрежните места на истокот да бидат подготвени за евентуална евакуација. Метеоролозите предупредуваат дека комбинацијата од обилни врнежи и силен ветер би можела да предизвика поплави во крајбрежните делови на Бостон, а издадено е и предупредување за опасност од лавина во областа на езерото Тахо.

Поради силината на ветровите која би можела да достигне и до 120 километри на час можни се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Гувернерот на Масачусетс, Чарли Бејкер изјави дека луѓето мора многу сериозно да ја сфатат ситуацијата и апелираше да се подготват за евентуална евакуација.

Синоптичарите предупредува дека куќите, кои се наоѓаат на брегот на океанот може да бидат уништени од големи бранови, а оние што живеат во ниско поставени населби би можеле со денови да бидат отсечени од светот.

Марина Ристова