„Ние сме Македонија“: Ќе се протестира во повеќе земји и градови

02.03.2018 13:07

Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоиндентефикација.

Непартиското глобално движење „Ние сме Македонија“ најави светски мировен протест на 4-ти март, со почеток во 13 часот, во центарот на Скопје.

Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоиндентефикација.

Се најавуваат мирни протести во повеќе земји. Ќе се протестира во Франкфурт, Малме, Вашингтон, Мелбурн, Сиднеј, Перт, Лондон, Крањ, Валета, Канали, Прага и други, кои ќе бидат вклучени во живо со видео пренос во Скопје.