Одложена средбата Николовски- Љајиќ, нема договор за повлекување на правилникот

02.03.2018 13:36

Целта е изнаоѓање заедничко решение за процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во земјава, соопшти ресорното министерство. Се менува само распоредот на процедурата за увоз на брашно од други земји во Република Македонија...

Одложен е состанокот меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, што беше најавен за денеска. Ќе се одржат во наредните денови.

Целта е изнаоѓање заедничко решение за процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во земјава, соопшти ресорното министерство. Се менува само распоредот на процедурата за увоз на брашно од други земји во Република Македонија, а новина е што контролните маркици ќе се издаваат откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно, кои ќе се лепат во Македонија, пред брашното да се пушти во промет. Овие правила важат и за македонските производители.

Официјален Белград со информација дека не била постигната согласност за повлекување на спорниот правилник. Доколку викендов не биде постигнат договор, министерот Љајиќ најавува воведување контрамерки.