Пет дела во најтесен избор за роман на годината

02.03.2018 13:43

Во најтесна конкуренција се делата „Одбројување“ на Фросина Пармаковска (Или – или), „Земјотрес 05:17“ на Владимир Плавевски (Македоника литера), „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља (Готен), „Диссомнии“ на Игор Станојоски (Антолог) и „Годините кога научив да летам“ на Евгениј Хоуп (Матица македонска).

Комисијата за наградата „Роман на годината“ ги одбра петте романи кои влегоа во третиот круг на селекција, за избор на оваа престижна награда.

Во најтесна конкуренција се делата „Одбројување“ на Фросина Пармаковска (Или – или), „Земјотрес 05:17“ на Владимир Плавевски (Македоника литера), „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља (Готен), „Диссомнии“ на Игор Станојоски (Антолог) и „Годините кога научив да летам“ на Евгениј Хоуп (Матица македонска).

Селекцијата ја прави жири со кое претседава Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, а членови се Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

За наградата „Роман на годината“ за 2017 година во официјална конкуренција беа 27 дела, од кои во вториот круг влегоа 11 романи. Најдобриот роман ќе биде избран и јавно соопштен на прес-конференција на 15 март.