Трамп воведува драконски цени на челикот и алуминиумот

02.03.2018 14:24

Мерките ќе бидат во сила подолг временски период и ќе почнат кон почетокот на следната недела. Американскиот претседател не соопшти детали кои земји ќе бидат погодени со новите цени.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе воведат високи тарифи за увоз на челик и алуминиум. Трамп на „Твитер“ најави дека тарифата за увоз на челик ќе изнесува 25 насто, додека за алуминиумот ќе биде 10 насто.

Мерките ќе бидат во сила подолг временски период и ќе почнат кон почетокот на следната недела. Американскиот претседател не соопшти детали кои земји ќе бидат погодени со новите цени.

Реагирајќи на најавата од Трамп, ЕУ соопшти денеска дека ќе одговори со контрамерки против САД, нарекувајќи ги рестрикциите во трговијата со челик и алуминиум „драстична интервенција“ со која се штити американската индустрија.