Транспарентност

Граѓаните ќе имаат увид во трошоците на министрите, замениците и државните секретари

02.03.2018 15:26

Граѓаните ќе имаат увид со сите службени трошоци за министрите, замениците и на државните секретари– најави Владата. Во план е да се креира систем што ќе овозможи детален приказ на секој потрошен денар, народни пари. Ќе се опфатат околу 60 функционери...

Каде бил на службен пат и со која цел, колку пари потрошил? Министрите ќе поднесуваат детални извештаи за секој денар од граѓаните што го искористиле во службата. Веќе од идната недела, јавноста ќе има увид и во трошењата на замениците- министри и на државните секретари. Целта, како што велат од Владата, е поголема транспарентност, но и заштеда на пари.

Податоците за трошењата во институциите ќе се објавуваат на неколку дена, а ќе има и збирни, полугодишни извештаи.

Од Владата велат дека ќе се декласифицираат и ќе бидат достапни сите информации за кои претходно се мислело дека нивната објава е спорна, а претставуваат податоци од јавен карактер.

Преку веб-страницата на Бирото за јавни набавки веќе се објавуваат документи за тендерските постапки и за склучените договори.

 

Анита Димитријевска