Продолжуваат разговорите меѓу Николовски и Љајиќ

05.03.2018 10:48

Од ресорното министерство велат дека се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата. Предвидено е Николовски во текот на денов уште еднаш да се слушне со Љајиќ.

Телефонски разговор меѓу македонскиот министер за земјоделство, Николовски и српскиот министер за трговија Љајиќ за проблемот со брашното. Од ресорот земјоделство најавија детали откако Николовски во текот на денов уште еднаш ќе се слушне со Љајиќ.

Викендов беше соопштено дека е договорено да се формира комитет кој ќе ги отвори сите можни прашања, а за брашното ќе се разговара и на заедничката владина седница во Ниш.

Во почетокот на февруари, Македонија ги воведе измените на постојниот правилник, со кој се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосната контрола во земјава, а не уште пред да се увезе во Македонија.

Србија реагираше дека Македонија воведува бариери, што македонска страна го негираше.