Ракети за минофрлач откирени во двор на напуштена куќа во Арачиново

05.03.2018 12:53

Како што информираат од МВР, увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.

Во двор на напуштена куќа во скопско Арачиново вчера биле пронајдени девет парчиња ракети за минофрлач. Случајот бил пријавен во полиција, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.