Раст на извозот и на увозот во јануари

05.03.2018 13:02

Според податоците, извозот изнесува 420.606.000 евра, а увозот достигна 560.136.000 евра. Трговскиот дефицит, во јануари изнесува 139.529.000 евра, додека покриеноста на увозот со извоз 75,1%.

Вкупната вредност на извозот во јануари годинава бележи пораст од  27,8% во однос на истиот поериод минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Се забележува и раст на увозот за 24,2% за истиот период. 

Според податоците, извозот изнесува 420.606.000 евра, а увозот достигна 560.136.000 евра. Трговскиот дефицит, во јануари изнесува 139.529.000 евра, додека покриеноста на увозот со извоз 75,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, облека.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во јануари 2018-та, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.