Сирија

Хуманитарен конвој влезе во Источна Гута

05.03.2018 14:15

46 камиони треба да достават храна и основни производи за живот на 27.500 луѓе.

По повеќе од половина месец, хуманитарен конвој успеа да влезе во Источна Гута, контролирана од бунтовниците. 46 камиони треба да достават храна и основни производи за живот на 27.500 луѓе.

Во сириската област беа воведувани времени примирја по барање на Русија и со поддршка од Обединетите нации.