НБРМ

Финансискиот сектор стабилен, банкарскиот отпорен на шокови

05.03.2018 14:45

Банкарскиот систем е стабилен и со висока ликвидност. Во Народна банка седница на Комитетот за финансиска стабилност. Покрај гувернерот Димитар Богов, на состанокот присуствува и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Финансискиот сектор е стабилен, системските ризици минимални. Банките се добро капитализирани, високо ликвидни, подготвени да ја поддржат македонската економија, потребна е засилена инвесетициска активност- заклучи Комитетот за финансиска стабилност.

„Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и она што е неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, банките се подготвени и може да ги испорачаат, но потребни се поквалитетни проекти и засилена инвестициска активност“, вели гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Монетраната политка ќе зависи од движењата во еврозоната, фискалната политика, полтичката стабилност, платниот биланс. Од Народната банка велат- има поволни движења, монетраните услови се поволни. Финансискиот сектор е подготвен да обезбеди поддршка за раст на македонската економија. По осум години, државниот и јавниот долг се намалени во релативен износ, обезбедена е обврзница по најдобри услови. Податоците покажуваат- повратот на ДДВ во првите два месеци е за 56 насто поголем од истиот период лани. Во стопанатсвото се вратени 1,4 милијради денари, тврди Тевдовски. На почетокот на годинава, реализацацијата на капиталните инвестиции беше пониска, се врши притисок врз буџетските корисници за нивно зголемување.

„Реализацијата на капиталните инвестции беше добра во последните месеци, голем дел буџетски корисници реализираа, точно е дека на почетокот на годината беше пониска, но ние правиме силен притисок да ги зголемат активностите, бидејќи само така ќе обезбедиме повисоко ниво на раст. За краток период успеавме на крај на година да обезбедиме, секојдневно правиме притисок и очекуваме дека Македонија ќе има поголемо ниво на капитални инвестиции од 2017-та“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Приходите се солидни, обезбедуваат адекватен раст, ребаланс на буџетот не се подготвува- тврдат од Министерството за финансии.

 

Сузана Фиданска Стоевска