Поранешниот претседател на ДКСК, Миленков поднесе оставка

05.03.2018 15:05

Чекорот на Миленков следува неколку дена по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на Комисијата, која наведе сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Миленков поднесе оставка. Доставена е до Собранието. Чекорот на Миленков следува неколку дена по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на Комисијата, која наведе сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

Истрага отвори и Јавното обвинителство. Парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе иницираат нивно разрешување во Собранието.

Претседателот на Антикорупцика, Игор Тантуровски, пак, негираше дека има незаконитости во работата на Комисијата и рече дека нема да поднесе оставка.