Германија

Штајнамајер со препорака за нов мандат на Меркел

05.03.2018 15:11

Преговорите за нова влада траеја скоро половина година по парламентарните избори.

Германскиот претседател Франк Валтер-Штајнамјер со препорака за четвртиот мандат на канцеларката Меркел во Парламентот.

Претходно, Социјалдемократската партија потврди дека влегува во голема коалиција со демохристијаните.

Преговорите за нова влада траеја скоро половина година по парламентарните избори. Се очекува дека Меркел ќе биде повторно избрана за канцеларка на 14-ти март на седница во Бундестагот.