Насер Ајдари избран за нов уставен судија

05.03.2018 15:13

Поранешниот судија Ангел Солев и адвокатот Ангеле Илиевски избрани се за нови членови на Советот на јавни обвинители...

Собранието го избра државниот правобранител Насер Ајдари за нов уставен судија, а поранешниот судија Ангел Солев и адвокатот Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.