Снежно невреме во Британија, илијадници домови останаа без вода

05.03.2018 16:16

Снежната бура што ја зафати Британија е најлошото снежно невреме во последниве 30 години. Во многу населени места замрзнаа цевките за вода или пак има слаб притисок.

Илјадници домови во Британија останаа без вода поради замрзнување на цевките изложени на екстремно ниските температури.

Снежната бура што ја зафати Британија е најлошото снежно невреме во последниве 30 години. Во многу населени места замрзнаа цевките за вода или пак има слаб притисок.

Британските власти организирале снабдување на населението со флаширана вода за пиење и апелираат рационално да се користи.