Законот за јазици пред пратениците

06.03.2018 10:14

Премиероѕ Заев оцени дека Законот треба да се донесе, а потоа евентуалната неуставност да се докажува во Уставниот суд. Лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Мицкоски по средбата со Заев изјави- Собранието е нефункционално поради притворот на 12 насто на пратениците од оваа партија...

Законот за употреба на јазиците напладне повторно во Собранието. На седницата треба да учествуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе на последната средба со лидерот на партијата Мицкоски, ги повика премиерот Заев.

Тој оцени дека Законот треба да се донесе, а потоа евентуалната неуставност да се докажува во Уставниот суд. Лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Мицкоски по средбата со Заев изјави Собранието е нефункционално поради притворот на 12 насто на пратениците од оваа партија.

Засега нема информации дали пратениците ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Собранието или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.