Вработените во „Еурокомпозит“ на протест пред Владата

06.03.2018 10:47

Синдикалецот Роберт Богдановски најави дека вработените ќе пристигнат пред зградата на Синдикатот, а потоа ќе се упатат кон Владата.

Синдикатот на „Еурокомпозит“ од Прилеп потврди дека денеска вработените ќе протестираат пред владата. Синдикалецот Роберт Богдановски најави дека вработените ќе пристигнат пред зградата на Синдикатот, а потоа ќе се упатат кон Владата.

Бараат средба со премиерот Заев, како и исплата на заостанатите 16 плати. Тие вчера го блокираа патот Прилеп- Градско.

Вицепремиерот Анѓушев вчера најави дека за неколку месеци Владата ќе изнајде решение за Еурокомпозит, а работниците ќе добијат плата кога ќе почнат со работа.