ВМРО-ДПМНЕ: Заев да престане да се меша во судската власт

06.03.2018 11:24

Тој го води телото за реформи во правосудството, а укажа на полтронство на судиите и обвинителите кон него, велат во оваа партија.

Заев веднаш да престане да се меша во судската власт, побараа од ВМРО-ДПМНЕ. Тој го води телото за реформи во правосудството, а укажа на полтронство на судиите и обвинителите кон него, велат во оваа партија.

Тој поставил и членови на партиски комисии во Советот на обвинители. ВМРО ДПМНЕ укажува дека собраниското мнозинство предводено од СДСМ избрало два члена на партиската правна комисија кои станале дел од Советот на обвинители.