Преседателот на Антикорупциска поднесе оставка

06.03.2018 14:33

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Игор Тантуровски поднесе оставка. Оставката е поднесена од здравствени и лични причини. Вчера оставка поднесе и членот на Комисијата, Горан Миленков. Ова се случува по извештајот на ревизорите за работата на Антикорупциска во кои што се наведени сомнежи за исплата на фиктивни патни налози...

Првиот антикорупционер поднесе оставка од фукцијата. Игор Тантуровски ја доставил до Собранието. Претходно, членот на комисијата и поранешен претседател на ДКСК, Горан Миленков се повлече од функцијата.

Овие чекори следдуваат откако Обвинителството отвори истраги во врска со извештајот на УЈП за работата на антикорупционерите. Во него беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на народни пари. По објавувањето на извештајот на ревизорите, Тантуровски тврдеше дека станува зброр за политичка хајка против него.

Барање за неотповикливи оставки на членовите на Антикорупциската комисија побараа пратениците од собраниското мнозинство. Дел од нив најавија дека ќе поведат собраниска постапка за отповикување доколку тие самите не го сторат тоа.

Сегашниот состав на комисијата беше именуван во април 2015-та година.

 

Фиљана Кока