Самит за Западен Балкан во јули во Лондон

06.03.2018 14:40

Обединетото Кралство и покрај излегувањето од Европската унија сака да остане посветено на Западниот Балкан и ја поддржува интеграцијата на земјите од регионот во Унијата, изјави кординаторот на Самитот, Ендрју Пејџ.

Следниот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес ќе се одржи на 9-ти и 10-ти јули во Лондон.

Обединетото Кралство и покрај излегувањето од Европската унија сака да остане посветено на Западниот Балкан и ја поддржува интеграцијата на земјите од регионот во Унијата, изјави кординаторот на Самитот, Ендрју Пејџ.

Приоритети ќе бидат економската стабилност, поврзаноста на земјите од регионот, натамошен развој на инфраструктурата преку железница и автопати, помош при дигитална трансформација и претприемништвото меѓу младите, истакна Пејџ.