Метео: Утре максимална температура до 19 степени

06.03.2018 15:14

Кон крајот на денот можни се врнежи од дожд во западните планински подрачја, а на највисоките планини и од снег.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Кон крајот на денот можни се врнежи од дожд во западните планински подрачја, а на највисоките планини и од снег.

Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Во Скопје утре се очекува дневна температура од 16 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска