Имплeментирана нова метода за третман на мозочен удар

06.03.2018 15:27

Македонија спроведе нова метода за третман на мозочен удар, вели доктор Кедев од Клиниката за кардиологија во Скопје.

Македонија имплементираше нова метода за третман на мозочен удар, за прв пат во светот. Доктор Сашко Кедев на Државната клиника во Скопје ја спроведе врз пациент. Оваа минимално инвазивна метода во комерцијална употреба ќе стартува после две до три години. Според д-р Кедев, истата ќе придонесе за поедноставување на процедурата и намалување на ризикот кај пациентите.

30 пациенти ќе бидат дел од експерименталниот период. Сите се внимателно селектирани од докторскиот тим, каде што невролозите ја имаат клучна улога во дијагностицирањето на итната потреба.

Статистиката покажува дека годишно на 200 пациенти неопходни им се каротидни стентувања, иако, како што рече д-р Кедев, реалната потреба е пет пати поголема.

По успешната имплантација на овој апарат, во сопственост на американскиот конгломерат „Контего медика“, кој во еден зафат ги вклучува предходните три процеси, истиот ќе биде тестиран и на клиниките во Берлин, Лајпцинг и Милано.

 

Марина Стојанова- Тонева