Вработените во јавната администрација ќе добијат нов колективен договор

06.03.2018 15:39

Вработените во јавната администрација ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски. Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори.

Ќе се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за колективен договор во јавната администрација. Со него ќе се регулираат правата и обврските на вработените.

Од синдикатот на УПОЗ со надеж дека ќе се дојде до најдобри решенија за вработените во јавната администрација. Од таму велат дека ова е прв колективен договор од 1995 година.

Од УПОЗ ќе бараат во колективниот договор да биде опфатено и прашањето за исплата на К-15 во јавната администрација. 

 

Ана Јосифоска- Тодоровска