ОН испраќаат нов хуманитарен конвој во Источна Гута

06.03.2018 15:47

Нов обид да се испорача хуманитарна помош во Гута. 14 камиони на Обединетите нации не успеале да стигнат до целта. Од 18-ти февруари во воздушните и копнените напади на оваа територија биле убиени над 600 луѓе, а околу 2.000 ранети...

Обединетите нации планираат да испратат нов конвој со помош за Источна Гута, откако 14 од вкупно 46 камиони не успеаја да се пробијат до жителите. Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на Обединетите нации соопшти дека по девет часа гранатирање била донесена одлука за повлекување од безбедносни причини за да се избегне загрозување на  хуманитарните тимови на терен.

Од 18-ти февруари во воздушните и копнените напади во Источна Гута биле убиени над 600 луѓе,  околу 2.000 се ранети. 

Бевме многу исплашени. Сево ова е премногу...“

Се обидовме да бегаме, но ракетите не следеа“- велат жители на Источна Гута.

Наутро гледам ранети деца. Навечер повторно ранети деца. Што сториле да го заслужат ова“, изјави Калил Ахмед, доктор во болница во Африн.

Цивилите почнале да ја напуштаат областа поради навлегувањето на сириската војска.  Повикувајќи се на извори од руската војска, некои медиуми јавија дека бунтовниците забраниле јавни собири.

Владините сили ги засилија копнените операции и навлегоа во енклавата. Во последните воздушни напади биле убиени 86 цивили, што е најголем број жртви откако Советот за безбедност на ОН побара прекин на огнот минатиот месец.  

 

Марина Ристова