Двојно зголемено нивото на Вардар, излевање на неколку места во Скопскиот регион

07.03.2018 11:43

Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места се поплавени земјоделски површини, а во општина Маврово- Ростуше над селото Жировница, делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.

Вардар се излеа на неколку места во Скопскиот регион. Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места се поплавени земјоделски површини, а во општина Маврово- Ростуше над селото Жировница, делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.

Во Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци се поплавени 10-на хектари земјоделски површини, поради нефункционалноста на мрежата за одводнување.

Во тетовскиот регион, водата од излеаните површини се повлекува и е намалено нивото на Вардар.

Поради високите температури и топењето на снегот, метеоролозите предупредуваат од нови поплави.