Асоцијацијата за управување со отпад го поддржува управувањето со отпад на централно ниво

07.03.2018 14:25

Преземањето на управување со отпадот на централно ниво е чекор напред, смета асоцијацијата. Очекува подобро менаџирање со сите ресурси и надминување на постоечките проблеми. Според асоцијацијата, сѐ уште е мал процентот на собирање на отпад. Проблеми има и со комуналните претпријатија.

Преземањето на управувањето со отпадот на централно ниво е добар потег- оценува Асоцијацијата при Стопанската комора на Македонија. Оттаму сметаат дека со ова ќе се надминат постоечките проблеми, бидејќи според нив, сегашниот модел не обезбедува институционална поддршка. Очекуваат подобра соработка со општините и комуналните претпријатија.

Во моментов се подготвуваат студиите за регионално управување со отпадот, по што ќе следи и изградба на централната постројка. Крајната цел е да се рециклира што повеќе смет.

Според податоците, годишно се создаваат над 700 илјади тони различен отпад. Од нив, над 100 илјади се отпад од пакување, а повеќе од 15 илјади тони е електронски отпад.

 

Дијана Ценевска