Никловски- Љајиќ

Постигнат договор за увозот на брашното

07.03.2018 14:47

Надминат спорот за увозот на српското брашно во Македонија. Во Скопје, министерот за земјоделство Николовски и министер за трговија Љајиќ потпишаа договор. Ќе се формира мешовит комитет за надминување на отворените прашања...

Македонија и Србија ги надминаа проблемите со брашното. Министерите Николовски и Љајиќ потпишаа договор- на брашното паковано од 1, 2 и 5 килограми контролните маркички ќе се лепат  во Србија, на паковањата од 25 и 50 килограми во Македонија. Формиран е и Комитет за соработка и надминување на отворените прашања.

Српскиот министер од Скопје порача, има политичка подготвеност за остранување на сите царински бариери со цел трговската размена да се зголеми од сегашните 760 милиони, на милијарда евра.

Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.