Владата подготвена за законски измени според Истанбулската конвенција

07.03.2018 14:53

Потребен е координиран пристап од институциите во справувањето со родовото насилство, но и усвојување на законските измени според Истанбулската конвенција. Владата е подготвена да работи на надминување на проблемите и да им пружи помош на жртвите...

Нема родова еднаквост и еднакви можности сѐ додека жените и девојките трпат насилство. Владата, рече премиерот Заев, е подготвена да работи на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство. Повика на координаран пристап од сите институции во справувањето со родовото насилство и за усвојување на законските измени од Истанбулската конвенција.

Министерката за труд, Царовска зборуваше за иницијативата „Сега кажувам“ која охрабри многу жени да го кажат свото искуство во борбата против насилството, а државата ќе работи на сеопфатно надминување на овие проблеми. Најави промени кои предвидуваат помош и поддршка на жртвите на семејно насилство.

Од Обединетите нации со забелешки за текот на реализацијата на целите од конвенцијата. Потребни се повеќе центри кои ќе нудат помош и поддршка на жртвите, се само дел од проблемите- рече Луиза Винтон.

Од Министеството за здравство велат дека се работи на формирање на три центри за упатување на жртвите од сексуално насилство. Ќе бидат отворени на Гинекологија во Скопје и во болниците во Тетово и Куманово. Министерот Филипче најави дека во крајна фаза е ревизијата на Законот за абортус.

 

Викторија Милевска