Нови субвенции за земјоделците

08.03.2018 10:13

На земјоделците годинава ќе им стојат на располагање нови субвенции. Треба да се воведе поевтина зелена нафта која ќе се распределува со помош на ваучери. Финансиска поддршка ќе се добива и за зголемување на производството.

Поевтината нафта од 50 проценти е една од предвидените нови субвенции за земјоделците. Распределбата ќе биде со помош на платежни картички за набавка на гориво во износ кој е потребен за обработка на површинта во текот на една производствена, година по земјоделски производи или групи на земјоделски производи за кој стопанството се има евидентирано во регистарот.

За оние кои го прошириле производството во однос на претходната година се предвидуваат дополнителни 20 отсто за површина, а во сточарството дополнителни 20 проценти за проширување на стадото.

Поголеми субвенции треба да добијат и професионалните сточари. Дополнителната поддршка изнесува 20 проценти за секое регистрирано ново животно.

Плаќањата за свињарските фарми почнуваат од годинава, додека за говедарските и за овчарските од 2020-та година поради потребата за подобрување на капацитетите и репроцентрите.

 

Методија Трајков