Одложено рочиштето за случајот „Топлик“

08.03.2018 10:55

Во случајот „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Поради болест на еден од обвинетите, за 30-ти март е одложено рочиштето за случајот „Топлик“ на СЈО. Адвокатот на обвинетиот Димитар Димовски, достави лекарска потврда.

Во случајот „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

На минатото рочиште адвокатите побараа изземање на вештачењето на доказната документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив, вештачењето е пристрасно.

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа Судот да не го прифати приговорот.