Викендов температури над 20 степени

08.03.2018 11:49

За време на викендот ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во сабота утринската ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне максимални 20 степени. Во недела минималната ќе биде нула, а дневната до 23 степени.

Викендов времето ќе биде сончево и значитечно потопло со температури над 20 степени. Од утре до недела времето ќе биде стабилно и суво. Утре на повеќе места ќе има зголемена облачност. Температурата ќе се движи од минус два до 16 степени. Во Скопје слично време. Утринската температура ќе изнесува еден, а дневната максимална 15 степени.

За време на викендот ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во сабота утринската ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне максимални 20 степени. Во недела минималната ќе биде нула, а дневната до 23 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи. Во понеделник темпаратурата ќе биде во интервалот од пет до 22 степени, вторник од три до 18 и среда од еден од 17 степени.