Американски државјанин нападнал полицаец во скопското Обвинителство

08.03.2018 12:33

По вербалната расправија, соопштува Министерството за внатрешни работи, 54-годишниот Американец го нападнал полицаецот.

Полициски службеник вчера попладне бил нападнат од американски државјанин во Основното јавно обвинителство- Скопје.

По вербалната расправија, соопштува Министерството за внатрешни работи, 54-годишниот Американец го нападнал полицаецот.

Напаѓачот бил приведен и задржан во Полициската станица Центар, кадешто се презема натамошната постапка.