8-ми март

Се празнува Меѓународниот ден на жената

08.03.2018 12:50

Што се променило досега за унапредување на правата на жените во светот? Тие и натаму се помалку платени од мажите на работните места. Пазарот на цвеќето во Скопје, со многу купувачи- повеќето мажи. Да се одбележи меѓународниот ден на жената...

Осми март- на денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, дел од мажите на цветните пазари. Купуваа подарок за саканата. Ги прашавме дали планираат да се приклучат на Маршот за родова еднаквост или се одлучуваат само да подарат цвеќе?

„Преферирам да купам букет цвеќе. Тоа ми е останато одамна, така нашите не воспитале, така сме учеле и во школо.“

„И двете, зошто да не. Денеска е ден за жените, а марширањето според мене може да се прави во било кој ден. Денеска е ден за иницијатива.“

„И двете. Денеска е ден за жената, треба внимание, ете така... на колешките денес да им го честитаме 8-ми март“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Во некои земји, жените добиваат цвеќе и подароци од мажите, во други штрајкуваат и простестираат. Во некои држави, мажите во чест на жените носат црвено, се грижат за децата, а жените посетуваат концерти и фестивали.

Осми март е симбол на борбата за родова еднаквост што сѐ уште трае.

Нека секој ден биде денот на жената. Наместо буќет цвеќе, подарете ѝ љубов, внимание и поддршка, таа е столбот на семејството, таа го заслужува тоа.

 

Александра Спировска