Двајца скопјани фалсификувале банкноти

08.03.2018 13:12

Полицијата открила дека во маркет платиле со 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.

Двајца скопјани се приведени поради фалсификување банкноти и пуштање во промет. Полицијата открила дека во маркет платиле со 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.

Кај нив се пронајдени и неколку стотини фалсификувани евра и денари. Пронајдена била и фалсификувана лична карта.