Поради дождовите ќе доцнат пролетните активности во полето

08.03.2018 16:27

Во Прилепско нема поплави, но дождовите го земаат данокот- нивите се полни вода и пролетните работи во полето ќе доцнат барем 15 дена. Ќе доцни и расадопроизводството на тутун...

Поради дождовите земјоделците не може да влезат во нивите и пролетните активности ќе доцнат најмалку 15 ина дена, констатираат агрономите. Во Прилепско нема поплави, за една недела наврнале 30-ина литри, но почвата е презаситена со влага. Тутунарите подоцна ќе го почнат со расадопроизводстото.

Есенаските култури, посебно житото може да биде во опасност ако не се прихрани кога ќе скипне водата.

За градинарските култури, велат агрономите, нема да има проблем зашто расадопроизводството е под пластеници.

 

Елизабета Митреска