Законот за финансиска поддршка на инвестициите на владина седница

13.03.2018 11:17

Врз основа на правилник, малите и средните претпријатија парите ќе ги добиваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, но Фондот нема сам да решава кому ќе исплати, туку заедно со претставници од повеќе институции.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска треба да помине на седница на Влада, а потоа ќе биде ставен во собраниска процедура.

Врз основа на правилник, малите и средните претпријатија парите ќе ги добиваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, но Фондот нема сам да решава кому ќе исплати, туку заедно со претставници од повеќе институции.

Другите компании, средствата ќе ги добиваат преку Владата и Агенцијата за вработување, а ќе ги одредува мешовита комисија од професионалци која ќе ја прави првата евалуација по јасен правилник.

Доколку има забелешки на евалуацијата ќе постои второстепена комисија во Владата, составена од седум до осум члена. Конечната одлука за исплата ќе ја носи владата.