Раселените јапонци со владина одлука ќе се враќаат во регинот околу Фукушима

24.02.2014 13:29

Јапонија наскоро ќе ја укине одредбата за зоните на исклучување околу електраната Фукушима, со што ќе се овозможи дел од раселените да се вратат во своите домови-објавуваат јапонските власти. Формално враќањето почнува на 1 април и опфаќа 300 лица во местото Тамури. Во следните две години постепено ќе се враќаат околу 30 000 луѓе кои што морале да ги напуштат своите домови поради високите дози на радијација по експлозијата пред три години. Сепак голем дел од жителите се двоумат дали да се вратат поради страв за здравјето и последиците од  радијацијата. 