„Ентерфест“

Петдневен музички фестивал во Скопје

19.04.2018 15:22

„Ентерфест“ во Скопје. Петдневен музички хепенинг, се очекуваат околу 200 илјади посетители поради настапи на 60-тина музичари и бендови. Настанот е закажан за крајот на мај.

Скопје на крајот на мај ќе биде домаќин на петдневниот музички хепениг „Ентерфест“. Од 29-ти ти мај до 2-ри јуни сите патишта водат кон спортската сала „Борис Трајковски“, која што ќе биде центар на најголемиот музички фестивал досега организиран во Македонија. Организаторите очекуваат околу 200.000 посетители од земјава и од регионот.

На двете сцени во „Борис Трајковски“ ќе настапат околу 60- тина музичари, бендови и ди џеи од Македонија и странство. Организаторите денеска открија само дел од нив.

Во рамките на оваа петдневна фестивалска приказна ќе има музика за сечиј вкус. Ќе се користи и врвна техничка опрема, светло и звук.

Организаторите велат фестивалот на едно место ќе ги собере љубителите на добрата музика и од соседството.

 

Марија Котовска