Истражување: Десет чаши вино неделно скратува две години од животот

23.04.2018 16:53

Д-р Дејвид Спигелхалтер ги споредува резултатите со досегашните сознанија за пушењето, и нагласува дека се работи за „обемно и многу импресивно истражување“.

Долготрајна консумација на десет чаши вино неделно го скратува животот за две години, посочуваат научници од Универзитетот Кембриџ.

Според истражувањето, секоја чаша вино или пиво, над умереното количество, го зголемува ризикот од срцев удар. Д-р Дејвид Спигелхалтер ги споредува резултатите со досегашните сознанија за пушењето, и нагласува дека се работи за „обемно и многу импресивно истражување“.

Студијата проценува дека доколку 40-годишник пие по четири чашки над дозволеното, тоа му го скратува животот за пет отсто, истакнува професорот.