Игран филм

ЛОНДОНСКО ПОДЗЕМЈЕ

Понеделник (09.07.2018) 22:00

В. Британија, 2012

Режија: Нил Томсон
Улоги: Парминдер Награ, Џонас Армстронг, Стефен Дилан
Жанр: трилер

Лондон 2012. Додека источниот дел на градот се подготвува за Олимписките игри, во пресметка меѓу две банди е застрелан еден тинејџер пред ноќен клуб. Кога го апсат братот на стилистката Дива за убиството, таа доаѓа од Франција да му помогне убедена дека е невин. Во текот на истрагата таа го открива мрачното подземје на корумпираниот град и кругот пријатели кои не се такви какви што се прикажуваат. Обрачот околу неа се стега, а големите моќници сè повеќе ја „задушуваат“.