Паули Тапио од Финска- добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга

15.05.2018 13:27

Паули Тапио е роден во 1986-та година во северниот фински град Оулу. Неговата дебитантска книга поезија е објавена во 2017-та година.

Управиот одбор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“- Струга, одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО, во конкуренција на 23 книги од 13 земји, да му биде доделена на финскиот поет Паули Тапио за книгата Врапчињата и времето (Varpuset ja aika).

Паули Тапио е роден во 1986-та година во северниот фински град Оулу. Неговата дебитантска книга поезија е објавена во 2017-та година. Истата година ја добила престижната награда за книга „Хелсингин Саномат“, која што се доделува за најдобра дебитантска книга проза или поезија за таа година.

Во својата поезија, Тапио особено се занимава со ритмите во финскиот јазик. Исто така заинтерсиран е за формалните и стилски конвенции од различни поетски традиции и сака застарените форми и ограничувања да ги прилагоди во современите контексти, задржувајќи ја врската со иновативната современа поезија на својот мајчин јазик и на другите јазици.

Тематски, неговата прва збирка ја истражува судбината на модерната индивидуалност фатена во грчот од светската историја и светските политики.