МАНУ: Македонскиот јазик да се евидентира како што е запишан во ОН

16.05.2018 14:15

Македонскиот јазик e одамна кодифициран, постои и не може да исчезне, тоа е вековна традиција, изјави претседателот на МАНУ, академик Таки Фити. Битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници...

Македонскиот јазик мора да се евидентира како што е запишан во Обединетите нации, тоа е став на МАНУ, изјави првиот човек на академијата, Таки Фити за време на меѓународната научна манифестација- „Македонистички денови во МАНУ“.

Ставот го споделува и професорката Кристина Крамер од Торонто. Смета дека е инетресно што никој во светот нема проблем со името освен, како што рече, соседите. Тоа не е случајност вели Крамер за МТВ.

Новите генерации сѐ повеќе грешат во примената на јазикот, тврди пензионираниот професор од Богословскиот факултет, Јован Таковски. Тој смета дека најчестите грешки се однесуваат на кратките заменски форми и погубно е што ги прават јавни и образовани личности.

Македонскиот јазик кој е вековна традиција, не може да изчезне оти е одамна кодифициран. Тој треба да има приоритет поради својата интегративна улога и тоа е добро за сите заедници во земјава, беше речено на промоцијата на веб- порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик.  

 

Фиљана Кока