Столтенберг: Дијалог меѓу НАТО и Русија е можен

16.05.2018 15:12

Потенцираше дека Русија останува нивен сосед со кој не сакаат однос што ќе резултира со нова студена војна или со нова трка во вооружувањето.

„Зајакнување на врските на НАТО со Русија е можно и треба да се бараат начини за воспоставување дијалог со неа“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

Потенцираше дека Русија останува нивен сосед со кој не сакаат однос што ќе резултира со нова студена војна или со нова трка во вооружувањето.

Столтенберг повторно го критикуваше анектирањето на Крим, кибернетичките напади и хибридните акции на Русија, кои според него, се со цел  да ги ослабнат демократските институции на западот.