Старт- ап

Можности за развој на брзорастечки бизнис за млади

16.05.2018 17:05

Фирмите што почнуваат бизнис со пари од програмите за самовработување со еден пристап ќе може да добијат и финансиски средства од Фондот за иновации за да се развиваат. Се отвораат можности за развој на брзорастечки бизнис за млади...

Со позитивна енергија и верба во себа, Стефанија ја започна нејзината бизнис сторија. Млад и успешен претприемач, сопственик на музичко студио. Бизнисот го старувала пред речиси една година со грант од 4.000 евра преку Програмата за самовработување. Вели, имала доволно пари за добар старт и опрема, но недоволно да ги оствари амбициите што растеле заедно со нејзиниот старт ап бизнис.

Во потрага по финансии, сега со проширен проект ќе бара подршка од Фондот за иновации. Нејзината компанија е мегу 165 старт-апи што се основани минатата година. Сега со еден пристап, новоформираните бизниси добиваат можност да се вработат и истовремено да добијат пари да ги развиваат фирмите, најавија надлежните.

Над 300 мали и средни фирми пројавиле интерес за аплицирање за пари од касата на Фондот за иновации, велат од Фондот. Најголем интерес има за кофинансисрање на 70 насто од инвестицијата.

И додека многумина среќата ја бараат странство, иако признава дека се соочува со низа тешкотии и пречки во бизнисот, со оптимистички став Стефанија порачува- младите да почнат да размислуваат поинаку, да не чекаат идеите да ги реализираат надвор од нашите градници, да започнат од себе.

 

Сузана Фиданска- Стоевска