Патоказ за добро владеење

05.06.2018 13:00

Правосудството, борбата против корупцијата, човековите права. Ова се трите области од Поглавјето 23, кое се очекува прво да биде отворено во текот на преговорите за членство во ЕУ...

Дебата за поглавјето 23- судството, борбата со корупцијата и човековите права. Членството во Европската унија не е технички процес, туку трансформација во општеството. Реформи се прават за граѓаните, вели вицепремиерот Османи. Според него, по успешно спроведениот План 3-6-9 , треба да се покаже дека досега сработеното не е само за позитивната оценка, туку дека е посветеност за продолжување на реформите за создавање европска држава. Го најaви Планот 18, кој e презентиран пред делегација на Европската комисија.

Според професорот Калајџиев, спроведувањето на реформите како да се направи преку ноќ. Вели интенциите се добри, но проблем секогаш биле роковите. Посочи дека во земјата постои јаз меѓу секторите внатрешни работи и правосудство. Изрази надеж дека во целиот овој процес на реформирање на правосудниот систем ќе има поголема вклученост на научната фела.

Министерката Дескоска посочи дека на Поглавјето 23 не смее да се гледа како на Пандорина кутија, туку како на отворање пат за добро владеење што нема да биде лесен и на кој ќе има многу препреки.

Директорката на Инситутот за европска политика, Симонида Кацарска нагласи дека ЕУ ќе даде одредници, но сами треба да направиме проценка за состојбата во судството.

 

Наташа Гркова- Петрушевска