Прибе: Владеењето на правото е императив за реформите во Македонија

05.06.2018 15:21

Тој се надева дека земјава ќе направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.

Владеењето на правото е императив за реформите во Македонија, оценува германскиот експерт Рајнхард Прибе кој ја предводенеше петчлената група на Европската унија, задолжена за системски прашања. Тој се надева дека земјава ќе направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.

Во секој случај, реформите на кои укажавме ние, а се посочуваат и во Извештаите на ЕУ, треба да се направат, не само заради напредок во тој евроинтегративен процес, туку повеќе за самите држави и граѓаните пред сѐ, рече Прибе, кој учествува на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систем во Охрид.

Тој одби да издвои област каде би требало политиката, државата и институциите да ги насочат своите реформски процеси, објаснувајќи дека се работи за серија препораки. Вледеење на правото, според него, е клучно за приближување кон ЕУ, па сите ресурси и сили во општеството би требало да бидат ангажирани и насочени кон таа цел.