Разговори за името

Коцијанчич: Ги поддржуваме тековните напори под покровителство на Обединетите нации

05.06.2018 15:40

Го поддржуваме форматот на процесот што се води под покривителство на Обединетите нации, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич...

Позицијата на Европската унија за прашањето за името е јасна – го поддржуваме форматот на процесот што се води под покривителство на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

„На тековните напори им треба време и простор за да напредуваат. И тоа не е само директно прашање за земјата, туку станува збор и за целиот регион и пошироко. Остануваме во редовни контакти со властите во Скопје. Затоа неодамна високата претставничка Могерини имаше средба со министерот за надворешни. Тие нагласија дека можниот позитивен резултат ќе биде клучен за земјата, за регионот, за Европската унија. Ова е вистинскиот правец за кој веруваме дека сѐ треба да биде направено за да се помогне при овие напори, што би водело како што реков, кон позитивен резултат“, изјави Коцијанчич.