Заштеди од централизација

05.06.2018 15:45

Централизираната набавка на реагенси ќе донесе бенефит за граѓаните – уверува ресорниот министер. Очекува пониски трошоци и заштеди. Синдикатот стравува од отпуштања...

Граѓаните и натаму ќе даваат крв за проверка на местата каде што и досега се тестирале, но примероците со посебни возила ќе се транспортираат до осум централизирани лаборатории. Резултатите по електронски пат ќе се внесуваат во систем во кој ќе имаат увид лекарите. Оваа новина според ресорниот министер обезбедува поквалитетна услуга за пациентите, а заштедува и пари.

Најавата за централизирањето на лабораториите, според Синдикатот на Клиничкиот центар, предизвикало несигурност кај стручната фела која стравува дека на овој начин ќе остане без работа. Министерот уверува – нема да има отпуштања.

Сега во земјата има околу 300 лаборатории со апаратура од различни произведувачи. Се предвидува бројот да се намали на 120 и да бидат унифицирани. На овој начин, вели Филипче, ќе се оптимизира набавката и нема да има вишок реагенси кои досега се фрлаа бидејќи остануваа неискористени и со поминат рок.

 

Анита Димитријевска