Битола

„Хераклеа Линкестис“- културно наследство од особено значење

15.06.2018 12:54

На една од последните владини седници археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ е прогласена за културно наследство од особено значење- подкатегорија големо значење. Археолозите сметаат дека со новото законско решение им се олеснува работната кординација, а културното наследство добива трајна заштита и негова категоризација согласно со законските акти...

Археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ добива повисок режим на заштита. Не дека и досега локалитетот не беше заштитуван, но со оваа нова одлука се добива една трајна заштита и се олеснува нашата меѓуресорска соработка, велат археолозите. Сметаат дека со новите обврски локалитетот во рамките на границите на досегшното истражување ќе биде во континуитет заштитен во автентична форма, а соодветен режим ќе имаат и идните истражувања.

За споменичната целина која претставува сведоштво за културата од античкиот период за одредени сегменти се утврдени посебни приоритети.

Битолски археолози велат дека заштитата на културното наслдство не е едноставна и евтина работа. Очекуваат со новиот статус државата да одвојува и повеќе средства за локалитетот кој има универзално значење и со највисоки оценки е оценет и од странските експерти.

Стевче Митревски