Осака

Силен земјотрес во Јапонија, има жртви

18.06.2018 12:09

Потресот се случил околу 8 часот по локално време. Оштетени се многу куќи и згради, предизвикан е недостиг на електрична енергија, вода и гас во областа, како и проблеми во сообраќајот...

Тројца загинати и над 200 повредени во земјотресот со јачина од 6,1 Рихтер што ја погоди  Осака и други делови во западна Јапонија. Меѓу жртвите е и едно деветгодишно девојче. Потресот се случил околу 8 часот по локално време. Оштетени се многу куќи и згради, предизвикан е недостиг на електрична енергија, вода и гас во областа, како и проблеми во сообраќајот. Властите ги евакуираа патниците од возови, кои останаа заглавени меѓу станиците. Исто така, имало повеќе од 70 случаи на заглавени луѓе во лифтови.

Бев многу исплашен. Почувствував тресење додека бев во лифт“.

Беше многу страшно, не можам да опишам колку бев исплашена“- велат жители на Осака.

Епицентарот бил на длабочина од 13 километри на север во Осака. Агенциите наведуваат дека не е предизвикано цунами, и не биле забележани никакви отстапувања во нуклеарните постројки.  Биле забележани и помали пожари во Осака и во префектурите Хјого, Кјото и Мие.

Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да се справи со последиците од моќниот земјотрес што се случи изутрината во и околу Осака. Дадов инструкции што побрзо да се утврди штетата, што поскоро да се спасат луѓето и да се информира јавноста“, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Според медиумите, ова е најсилниот земјотрес во тој дел од Јапонија уште од 1923-та година. Поради потресот, привремено биле затворени аеродромите Кансаи и Кобе.

 

Марина Ристова